Буфон: Најмногу се срамам од тоа што ја купив мојата диплома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Јувентус и еден од најдобрите во историјата, Џанлуиџи Буфон даде големо интервју за италијанските медиуми во кое откри детали кои досега не биле познати за јавноста.

Буфон ја почна кариерата многу млад, а на 18-годишна возраст веќе играше за Парма и откри дека немал доволно време за да оди во училиште и поради тоа ја купил дипломата од средно образование.

„Направив многу грешки кога бев млад. Најмногу се срамам од тоа што ја купив мојата диплома. Никогаш повеќе не би го направил тоа, затоа што не е чесно. Не сакам до успехот да дојдам по скратен пат. Сепак, не сум совршен“, кажа Буфон.

Легендарниот италијански чувар на мрежата се пензионираше на 45-годишна возраст, но потоа доби ангжаман како шеф на делегацијата на италијанската репрезентација.