Буфон предложи револуција во фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон предложи револуција во фудбалот, а истата ја опфаќа големината на головите.

Последен пат нивната големина беше променета во 1875 година и во моментов изнесува 7,32 метри во должина и 2,44 метри во висина.

„Големината на голот беше дефинирана во 1875 година и најверојатно прилагодена на тие вредности во тоа време. Можеби тогаш беше точно, но денес мора да размислуваме на таа тема. Дури и во одбојката се зборува за висината на мрежата. Може да го погледнете ефектот на висината на голманите на ударите од далечина. Пред 30 години имаше по 10 гола на секои 50 удари, а сега има само по три. Да се постигне гол од далечина против голман кој е висок два метри е голем предизвик“, кажа Буфон.