Буфон: Во ПСЖ запознав вистински ѕверови, жал ми е што тие не беа дел од Јувентус

Поранешниот голман Џанлуиџи Буфон зборуваше за деновите поминати во ПСЖ, каде што играше пред крајот на кариерата.

Буфон никогаш не ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) и тој трофеј му недостига во кариерата, а вели дека Јувентус ќе освоел дури четири пехари ако ги имал ѕвездите на ПСЖ.

„Во Јувентус имаше квалитетни играчи, но во Париз запознав ѕверови. Жал ми е што тие играчи не беа дел од Јувентус, со нив ќе освоевме најмалку четири титули во Лигата на шампиони“, кажа Буфон.