Тек ќе почне да „гори“ во Шпанија: Комитетот за судии призна дека Реал е ограбен

Атлетико го совлада Реал во големото дерби во Мадрид со резултат 2:1, но од редовите на “кралскиот клуб” имаа многу поплаки за судењето.

Веднаш по натпреварот се огласи Хозе Мурињо кој на прес-конференцијата презентираше две фотографии на кои според мислењето на “кралскиот клуб” се гледаат ситуации кои влијаеле врз текот на натпреварот.

Но, ниту ден подоцна нема ништо ново. Правта сѐ уште не се наталожила по дербито во Мадрид, а од Шпанија доаѓа информација што ќе ја засили и така жешката расправа за судењето.

Според информациите кои ги објави АС, во Комитетот на тeхничките судии (CTA) се свесни за неколку грешки направени на натпреварот помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.

И една од нив особено ќе ги заболи навивачите на Кралевите. Според ставот на CTA, Канг-Ин Ли мораше да биде исклучен поради стартот над Федерико Валверде.

Судијата Мигел Анхел Ортиз Ариас не покажа ни жолт картон, а ВАР не реагираше во таа ситуација. Во CTA, според информациите на АС, сметаат дека станува збор за грешка и ситуација за директен црвен картон.