Бугарите бараат казна: УЕФА нема да ѝ прости на Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бугарските фудбалери успеаа да слават во Скопје против Македонија со 1-0 и го освоија второто место во групата 4 од Лигата на нации.

Победата ги израдува нашите соседи, а медиумите пишуваат дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе ја казни Македонија поради однесувањето на навивачите на Националната арена.

Извршниот директор на Бугарија, Борислав Попов го спореди однесувањето на македонските навивачи со нивното против Англија пред три години кога беа обвинети за расизам.

„На нашиот меч свирежите беа потивки. Разговарав со колегите и ми кажаа дека делегатот ги запишал. Сигурен сум дека УЕФА ќе ја казни Македонија“, вели Попов.