Бугарите ги нападнаа македонските тимови: Прво Вардар, па сега Брегалница од Делчево!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бугарите се обидуваат да влезат во македонскиот фудбал, па преку бугарската фондација „Македонија“ веќе испратиле понуди до неколку тимови.

Виктор Стојанов преку Фејсбук се обрати најпрво до управата на Вардар за да купи 51 отсто од акциите, но предлогот веднаш беше одбиен.

Стојанов потоа се обидел да инвестира и во Брегалница од Делчево, со ветување дека ќе ја внесе екипата во Втора Лига, но и од таму доби негативен одговор.

„Брегалница не е на продажба, ја имате згрешено адресата“, му порачаа од тимот.