Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Основното јавно обвинителство (ОЈО) преку соопштение го објасни инцидентот во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“.
ОЈО информира дека инцидентот го започнале навивачите на Левски, кои со два автомобили со бугарски регистарски таблички влегле во вербална пресметка со случајни минувачи.
„Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба“, соопшти ОЈО.
Чаирчанка, нападнати две бугарски возила pic.twitter.com/bwkoYfXJ7e
— Зеко (@MeZnaesOdSank) July 27, 2023