Бундеслигаш го бара Елмас, но Де Лаурентис не сака да слушне за продажба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас привлече голем интерес во текот на летниот преоден рок, но Наполи не сака да го продаде талентираниот играч.

Бундеслигашот Лајпциг испратил понуда од 30 милиони евра за потписот на Елмас, но претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веднаш ја одбил.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Де Лаурентис не сака да го продаде Елмас, кој има договор до 2025 година, а за да се премисли ќе треба да пристигне некоја неодолива понуда.

Де Лаурентис и претходно одби понуда од Милан од 30 милиони евра за трансфер на македонскиот фудбалер.