Бунт во Евролигата: Пет тима застанаа против Бодирога!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евролигата е подготвена за нова ера без Жорди Бартомеу, а на негово место наскоро треба да биде промовиран легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога.

Одлуката се очекува да биде донесена денеска, меѓутоа се појавија информации дека не се сите воодушевени со Бодирога.

Каталонски „Мундо Депортиво“ пишува дека дури пет тимови се против Бодирога, но и против некои промени кои ја очекуваат Евролигата во иднина.

На денениот состанок ќе се гласа против промените од страна на Барселона, Реал Мадрид, Анадолу Ефес, Басконија и Фенербахче.

Како причина за бунтот е тоа што не се сите задоволни од новите комерцијални принципи на Евролигата.