Бунтовник од Реал Мадрид му сервираше одмазда на Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе неколку години постои неформален договор меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид дека нема директни трансфери меѓу екипите, откако последен пат такво нешто се случи во 2019 година.

Маркос Љоренте тогаш за 30 милиони евра се пресели од Реал во Атлетико, а пет години подоцна истото ќе се случи и со Дани Себаљос.

Пред неколку недели медиумите пишуваа дека Карло Анчелоти решил да го „пречкрта“ 27-годишниот фудбалер за следната сезона поради заканите дека ќе замине од клубот.

Поради тоа Себаљос решил да му се одмазди и ќе потпише за Атлетико Мадрид следното лето.