Бускетс ќе игра заедно со Меси во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Бускетс ја напушти Барселона, а негова следна дестинација ќе биде Интер Мајами каде што ќе игра повторно со Лионел Меси.

Новинариот Фабрицио Романо објави дека Бускетс му се приклучува на тимот од МЛС-лигата како слободен агент, а договорот меѓу двете страни веќе бил потпишан.

Еден од најдобрите пријатели на Меси, често се сретнуваше со него и Жорди Алба по заминувањето во ПСЖ.

Бускетс имаше богати понуди од Саудиска Арабија, но на крајот реши да потпише за Интер Мајами од САД.