Бускетс откри каде ќе ја продолжи кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Серџо Бускетс во интервју за медиумот од САД, „Спортс Илустрејтед“ говореше за тоа каде сака да ја продолжи кариерата.

Фудбалерот кој може да и помогне на Барселона уште една до две сезони истакна дека би сакал кариерата да ја продолжи во МЛС Лигата.

„Не можете прецизно да ја предвидете вашата иднина, но јас сум голем фан на САД, а фудбалот таму е во постојан пораст. Стилот на игра и форматот на натпреварување таму е различен, а тоа ми годи и сакам да го пробам“ –истакна Бускетс.