Чави доби 200 милиони евра за нови засилувања на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ги договори Андреас Кристенсен и Франк Кеси, но тренерот Чави Ернандез не мисли тука да запре и веќе се споменуваат нови потенцијални засилувања.

Каталонскиот гигант за летниот преоден рок подготвил 200 милиони евра за четири нови фудбалери кои треба да ги добие Чави.

На листата со желби на Чави приоритет е Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој ќе чини околу 40 милиони евра.

По што следи трка за Рафиња, кој не сака да потпише со Челси, иако клубовите се договорија, но сепак неговиот трансфер би чинел околу 60 милиони евра.

Бернардо Силва треба да биде трето засилување за Чави, а засега не е познато колку пари ќе чинат неговите услуги, додека Чави планира да потроши и 80 милиони евра за Жулс Кунде.