Чави доби засилување: Феран Торес потпиша за Барселона!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Феран Торес вчера имаше медицински прегледи во Барселона, но не можеше да го потпише договорот поради проблемите со документацијата, сепак тие беа надминати и денеска конечно стави потпис на соработка.

Овој 21-годишен фудбалер доаѓа од Манчестер сити за 55 милиони евра, а потпиша договор до 2027 година, па така Барселона доби големо засилување.

Торес во неговиот договор со Барселона има и откупна клаузула од милијарда евра, а таква клаузула досега имаа само Педри и Ансу Фати.

Засега не е познато кога ќе дебитира за екипата од Каталонија, иако навивачите се надеваат дека тоа ќе биде наскоро бидејќи Барселона игра очајно во Ла Лига.