Чави го навреди раководството на Барселона – ќе „лета“ од клубот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона долго време се убедуваше со Чави да остане во клубот, а откако се договорија сега се случил нов проблем во каталонскиот гигант.

Управниот одбор на Барселона се свртела против 44-годишниот Чави и побарала од Жоан Лапорта да го избрка од клубот поради неговите коментари за финансиската состојба.

„Навивачите мора да разберат дека ситуацијата е тешка. Сега не е како пред 25 години кога доаѓаше тренер и си земаше играчи како што сака. Фудбалот не функционира така во моментов. Финансиската состојба во клубот не е најдобра и работиме да се подобри“, кажа Чави.

Наводно оваа изјава го налутила раководството на тимот, кое побарало да му се даде отказ на Чави.