Чави ќе остане во Барселона, но нема да биде тренер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез соопшти дека сака да го напушти кормилото на Барселона на крајот на сезоната, а „Мундо Депортиво“ пишува дека со тоа нема да заврши неговиот престој во каталонскиот гигант.

Жоан Лапорта сака да го задржи Чави и затоа ќе му понуди нова улога која ќе ја извршува во иднина во име на Барселона.

Според шпекулациите, Чави ќе стане амбасадор на Фондацијата на Барселона, а тоа значи дека нема да тренира друг тим во следниот период. Досега нема потврда за вакво нешто од ниту една страна и се очекува тоа да се случи дури во јуни.