Чави најде спас за Барселона во бивш напаѓач на Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Чави Ернандез има нова желба за нападот на Барселона, откако тимот остана без услугите на Серхио Агуеро кој ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Барселона пред неколку дена го купи Феран Торес од Манчестер сити, но тој е засилување за крилните позиции, а не за „класична деветка“, каква што му е потребна на Чави.

„Марка“ објави дека Барселона планира да се засили со напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, кој во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид.

Мората во моментов игра за Јувентус, но е играч на Атлетико Мадрид испратен на двегодишна позајмица, која завршува летово.

Јувентус има опција да го откупи, но за трансфер ќе мора да се сложат двете страни, а во целата ситуација се вмеша и Барселона која дефинитивно може да му понуди подобри услови на Шпанецот.