Чави не губи надеж: Меси се враќа во Барселона!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Чави Ернандез е во одлични односи со Лионел Меси и го убедува раководството да го вратат во каталонскиот гигант следната година.

Меси минатата година ја напушти Барселона, која има финансиски проблеми и не можеше да му го продолжи договорот, но следното лето би можел Аргентинецот да се врати во екипата целосно бесплатно.

Аргентинецот лани го засили ПСЖ, но Чави не губи надеж дека неговиот поранешен соиграч наскоро ќе се врати во клубот.

„Се надевам дека приказната меѓу Меси и Барселона не е завршена. Сè е отворено и постојат многу опции. Како претседател на Барселона се чувствувам должен кон Меси“, кажа првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.