Чави: Ова е почеток на нова ера во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона го прекина постот и ја освои титулата во Ла Лига, откако синоќа славеше на гостувањето кај Еспањол.

Ова е прва шампионска титула во ерата на Чави кој влезе во друштво на Џозеп Самитер, Јохан Кројф, Пеп Гвардиола и Луис Енрике кои освојувале титули како тренери и фудбалери.

„Ова не е првенството на Чави, ова е првенството на Барселона која расте и се враќа на врвот. Ова е почеток на нова ера во клубот. Играчите се тие кои ја освоија титулата, а јас сум тука само да помогнам“, кажа Чави.