Чави призна: Вакви грешки не се дозволени во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона се спаси од пораз против Интер (3-3) во 92. минута со голот на Роберт Левандовски и сега се наоѓа во неповолна позиција за место во осминафиналето.

Барселона мора да слави во следните два меча и притоа да се надева на кикс на Интер за да стигне до втората позиција во групата што не е невозможно, но е малку веројатно.

Тренерот Чави Ернандез презема дел од вината и кажа дека неговите фудбалери правеле премногу грешки на теренот.

„Кога ќе изборите реми, наместо да победите, тогаш не сте успеале во задачата. Ова е моја грешка, исто колку и да фудбалерите. Тажен сум и лут затоа што сами правевме грешки кои не се дозволени во Лигата на шампиони“, кажа Чави.