Чави се разочара: Ни се падна најтешкиот противник!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона испадна од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), откако заврши зад Баерн Минхен и Интер.

Барселона на денешната ждрепка дозна дека во нокаут-фазата од Лига Европа ќе игра против Манчестер јунајтед, а тренерот Чави Ернандез не е воопшто среќен и поради тоа се пожали на прес-конференцијата.

„Повторно ни се падна најтешкиот противник. Манчестер јунајтед е голем противник и најлошиот кој можеше да го добиеме. Со доаѓањето на Тен Хаг заиграа многу подобро. Ќе мора да играме квалитетно ако сакаме да ги елиминираме. Нема да биде лесно и ова е голем предизвик за нас“, вели Чави.