Чави, сепак, би можел да остане тренер на Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на крајот на сезоната ќе остане без услугите на тренерот Чави Ернандез, меѓутоа шпанските медиуми пишуваат дека ситуацијата би можела да се промени.

Во зависност од резултатите до крајот на сезоната, како и можното вклучување во битката за титула може да го натера Чави да се предомисли.

„Не велам дека не може да се случи такво нешто. Ние немаме ништо против Чави. Одлуката не е донесена од клубот, туку од самиот тренер. Ако се случи нешто, ќе разговараме со тренерот“, кажа спортскиот директор Деко.