Чави со анализа за Белингам: Има голема среќа… (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во големото дерби против Барселона со 2-1, а двата гола ги постигна Џуд Белингам кој оваа сезона е главна ѕвезда на „кралскиот клуб“.

Белингам потврди дека е во одлична форма оваа сезона, а тренерот на Барселона, Чави го пофали неговиот квалитет, но посочи и дека Англичанецот има многу среќа.

„Белингам е одличен фудбалер, но има и среќа и се наоѓа секогаш на вистинско место. Топките завршуваат кај него, постигнува голови од одбиени топки. Денеска направи разлика со својата игра“, кажа Чави.