Чави загрижен: Примивме два гола по наши грешки!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона вчера одигра 2-2 на гостувањето кај Мајорка, иако двапати имаше негатива на натпреварот и на крајот се спаси од пораз.

Тренерот Чави Ернандез не е задоволен од настапот на неговите фудбалери и кажа дека поради две големи грешки останале без триумф.

„Портивникот ни даде два гола на наши грешки. Вакви грешки не смеат да се случуваат. Создадовме многу шанси, но не сум задоволен од резултатот. Откако израмнивме, имавме иницијатива и шанси, но повторно примивме гол за 1-2“, кажа Чави.