Чави знае кој фудбалер му е најважен и веднаш побара нов договор за него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез веднаш почна со барања до раководството за да изгради екипа каква што сака, а на претставувањето кажа на кој фудбалер сака да смета во иднина.

Претседателот Жоан Лапорта му ветил три засилувања на Чави во јануари, а тренерот побарал да му биде продолжен договорот на Осман Дембеле.

Дембеле има голем квалитет, но често се повредува, па навивачите сакаа да биде продаден, но тоа очигледно нема да се случи поради Чави.

„Имам јасна цел, а тоа е Дембеле да го продолжи договорот. Имаме фудбалер кој може да биде најдобар во светот и треба да му помогнеме. Тој има проблеми со повреди, но мора да се погрижиме за да биде здрав и да го исполни својот потенцијал“, вели Чави.