Чеферин го крена гласот: Европа и Јужна Америка ќе го бојкотираат Мундијалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер има револуционерен план според кој големите натпреварувања би се играле секоја година.

Ова би предизвикало хаос во календарите и останува прашање како ќе се играат квалификации и покрај густиот календар.

На оваа идеја одговори првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, кој кажа дека ќе го бојкотираат Мундијалот заедно со КОНМЕБОЛ, ако треба да се игра на секои две години.

Јужна Америка ја има Копа Америка, Европа го има Еуро и нема да биде можно да се играат големи натпреварувања.

„Таа идеја ќе му наштети на фудбалот. ФИФА мора прво да се консултира со континентални фудбалски куќи, потоа со Сојузите, а дури потоа да експериментира. Вредноста на СП и на ЕП е во тоа што се игра на секои четири години, поради што навивачите со нетрпение ги очекуваат“, кажа Чеферин.