Чеферин ја призна грешката: Ова не е фер, ЕП не треба да се игра во ваков формат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин кажа дека никогаш повеќе нема да има Европско првенство (ЕП) со толку многу градови домаќини како што беше на Еуро 2020.

Дури 11 градови беа домаќини на Еуро 2020, но ова најверојатно ќе биде прво и последно првенство кое ќе се игра во таков формат.

Првиот човек на УЕФА смета дека тоа не е фер за некои репрезентации и навивачи затоа што многу време минуваат во патување.

„Никогаш повеќе нема да се игра ЕП со толку домаќини. Јас тоа не го поддржувам. Премногу е напорно за репрезентациите. Не е фер за некои тимови кои патуваат повеќе од 10.000 километри, а некои ниту километар“, кажа Чеферин.

Финалето на ЕП се игра в недела, на 11 јули, а Англија ќе се соочи против Италија на „Вембли“.