Чеферин: Клоп и Гвардиола немаат право да се жалат, работниците во фабриките треба да се бунат!


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин во интервју за „Газета дело Спорт“ испрати јасна порака дека проектот за Суперлига нема да се реализира.

Чеферин им одговори и на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп за нивните жалби за густиот распоред на натпревари.

Претседателот на УЕФА вели дека работниците во фабриките треба да се жалат затоа што добиваат до 1.000 евра месечно, а не тренерот на Ливерпул и Манчестер сити.

„Клубовите бараа 10 натпревари во Лигата на шампиони, но ќе има осум. Клоп и Гвардиола се бунат? Лесно е да се нападнат УЕФА и ФИФА, но ситуацијата е јасна. Ако играат помалку, тогаш ќе добиваат помали плати. Ако некој треба да се жали, тогаш тоа се работниците во фабриките“, кажа Чеферин.