Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Односите помеѓу претседателот на UEFA Александер Чеферин и првиот човек на FIFA Џани Инфантино дополнително се заострија. Чеферин пропаднатиот проект FIFA Forward Enterprise (FFE) го опиша како идеја поопасна од Суперлигата, а на Инфантино му испрати и јасно предупредување пред евентуална нова кандидатура за претседател на FIFA.
Гостувајќи во подкастот “The Rest is Politics: Leading”, претседателот на UEFA не криеше колку се спротивставуваше на FFE.
“Мислам дека овој план е полош дури и од Суперлигата. Во првиот случај, исклучително важни клубови сакаа да основаат своја лига, што е погрешно и ќе го уништеше фудбалот. Но, овде фудбалот буквално би бил продаден”, изјави Чеферин.
Според неговото мислење, проектот во моментот е дефинитивно стопиран.
“Сосема сум сигурен дека планот FFE е завршен. Најважно ми е што спречивме уште еден обид за продажба на спортот. Тешко ми е да замислам какви луѓе би продале спорт кој припаѓа на сите.”
Сепак, Чеферин не тврди дека слична идеја никогаш повеќе нема да се појави.
“Можеби тоа ќе се случи за 20 години, никогаш не се знае, но засега со сите одлично соработуваме. Сигурен сум дека тоа не може да се случи во наредните 10 години.”
















