Челниците на Премиер лигата ќе притискаат истата да продолжи

Првите луѓе на Премиер лигата ќе притискаат истата да продолжи кога целата оваа ситуација со коронавирусот ќе стивне.

Сезоната дефинитивно ќе потрае подолг период, најмалку до крајот на јуни, и затоа за истата да се продолжи ќе треба да се одложи Европското првенство.

Таа опција и тоа како ќе биде на маса на утрешниот состанок на челните лица во УЕФА. Голема е веројатноста континенталниот собир да биде одложен и да се одржи во ноември и декември оваа година.