Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челсзи е подготвен да го продаде одличниот аргентински играч во средина Енцо Фернандез (25) на Манчестер Сити за соодветна цена, под услов да успее да го зајакне тимот пред затворањето на преодниот рок, пишува „Скај Спорт“.
Англиските медиуми наведуваат дека Сити и Челзи досега не преговарале, но Фернандез синоќа не беше во тимот на победата против Лутон во Лига купот.
Менаџерот на „сините“ Чаби Алонсо по натпреварот изјави дека Фернандез е „добар професионалец“ кој добро тренира, и дека одлуката дали ќе биде достапен за неделниот натпревар во Премиер лигата против Брајтон ќе биде донесена кога натпреварот ќе се приближи.
Да се потсетиме, инсајдерот Николо Шира раниве седмица пишуваше дека Фернандез сака да го напушти клубот и дека побарал трансфер во Сити.
Аргентинецот наводно веќе ги договорил личните услови на договорот со Сити и треба да потпише до 2032 година.
Во Сити уверени се дека можат да го склучат договорот со Челзи вреден 130.000.000 евра.
Фернандез пристигна во лондонскиот клуб во јануари 2023 година од Бенфика, за тогаш рекордни 121.000.000 евра за британските клубови, а договорот со „сините“ му трае до 2032.
Во случај на заминување на Фернандез, Челзи разгледува неколку опции за засилување на средината на теренот.
Меѓу нив се Алекс Скот од Борнмут и Адам Вортон од Кристал Палас, иако нивните клубови не сакаат да ги продадат. Се шпекулира и за Едуардо Камавинга, кого Реал Мадрид наводно сака да го продаде под одредени услови…
















