Челси бара напаѓач, Евертон бара астрономски 90 милиони евра!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Челси после одбиеницата за Мората се врти кон поранешниот напаѓач

Челси после одбиеницата од Реал за Мората се врти кон Ромелу Лукаку. Сепак, враќањето на Белгиецот на Стенфорд Бриџ ќе биде многу потешко отколку што се очекуваше.

Евертон, според пишувањата на англиските медиуми, за него бара 90 милиони евра, а и му понудиле нов договор, па јасно е дека сакаат да го задржат. Сините планирале да понудат до 60 милиони евра, но тоа е сепак далеку од бараната сума.