Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако се веруваше дека Челси лесно ќе стигне до услугите на Каи Хаверц од редовите на Баер Леверкузен, сепак тоа веројатно нема да биде така.
Имено, за фудбалерот на Леверкузен интерес покажува и Баерн Минхен кој досега од страна ја набљудуваше целата ситуација, но сега би можел да реагира затоа што веројатно ќе остане без еден играч.
Тијаго Алкантара се наоѓа пред заминување од клубот откако одби да го продолжи договорот со „баварците“ и по сериозниот интерес од страна на Ливерпул.
Токму затоа, доколку останат без Алкантара, од Баерн ќе сторат се во своите редови да го ангажираат Хаверц кој речиси сигурно ќе си замине од Леверкузен ова лето.