Челси договори голема аргентинска ѕвезда, се чека потврда од клубот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси во јануари би можел да донесе големо засилување во екипата, а станува збор за Енцо Фернандез од Бенфика.

Челси веќе некое време е во преговори со Енцо, кој им кажал „да“ на „сините“, како што објави специјалистот за трансфер, Фабрицио Романо.

Премиерлигашот, сепак, ќе мора да плати 120 милиони евра за да ја активира откупната клаузула, но не сака наеднаш да ги исплати сите пари, туку се обидува на друга опција со плаќањето.

Бенфика не попушта и засега стои на ставот дека Енцо ќе си замине само ако некој плати 120 милиони евра.