Челси е нов шампион во ЛШ! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси ја освоија Лигата на шампиони (ЛШ) откако вечерва во Порто го совладаа Манчестер сити со 1-0 и го освоија вториот трофеј во елитното натпреварување.

Мечот почна во одлично темпо од самиот старт, а двата тима опасно напаѓаа кон противничкиот гол, а многу шанси пропушти Челси.

Тимо Вернер промаши две големи шанси за 15 минути, по што Манчестер сити се закани кон голот на Едуард Менди, но залудно.

Во завршницата на првото полувреме Челси остана без Тиаго Силва, но потоа Каи Хаверц го реши мечот и го постигна единствениот погодок за конечни 1-0.

Сити имаше шанси со кои можеше да стигне до израмнување, па дури и до пресврт, но мора да се признае дека подобриот победи на теренот.