Челси е подготвен да го продаде Канте


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува порталот „90мин“ Челси е подготвен да го продаде еден од најдобрите играчи на Н’Голо Канте ова лето.

Сепак, Плавите нема да се откажат толку лесно затоа што ќе бараат исклучително висока цена за него. Французинот има договор на „Стемфорд Бриџ“ уште три години и затоа Челси сака да заработи што е можно повеќе пари од неговата продажба.

Според порталот, во моментов се заинтересирани два клуба – Реал Мадрид и ПСЖ. И двата тима беа поврзувани со донесувањето на Канте порано, но Челси не сакаше ниту да слушне за тоа.

Сепак, Французинот сега има 29 години, а Френк Лампард не го гледа како долгорочно решение во средниот ред. Затоа клубот ќе ги слуша сите понуди што доаѓаат и доколку се соодветни, ќе го продадат Канте.

Се разбира, оваа информација треба да се земе со претпазливост со оглед дека Канте е еден од најважните играчи во тимот на Лондон, и сите го фалат и тешко е да се верува дека тој само ќе биде ослободен.

Тој е член на Челси од летото 2016. година кога пристигна од тогашниот шампион Лестер.

Тој е еден од најстандардните играчи и оваа сезона, а пред лигашката пауза се здоби со повреда поради која не може да игра неколку недели.