Челси го „брка“ Кепа, но никој не го сака најскапиот голман во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кепа Аризабалага во август 2018 година стана најскапиот голман во светот. Челси за неговите услуги му плати 80 милиони евра на Атлетик Билбао, но Шпанецот не ги оправда очекувањата.

Може да се забележи дека Челси направи грешка со трансферот на Кепа, кој очигледно мора да си ја врати самодовербата, па поради тоа лондонскиот тим реши да го ангажира Едуард Менди од Рен.

Челси сега се обидува да го испрати Кепа на позајмица во друг клуб, но проблем е тоа што никој не сака да го земе младиот чувар на мрежата.

Засега заинтересирани за услугите на шпанскиот репрезентативен голман нема, па така Челси ќе мора да најде некое друго решение за Кепа.