Челси го договори Нкунку и веднаш тргна по нова ѕвезда


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Англискиот гигант Челси не сака да ја повтори грешката од претходното лето кога остана без неколку договорени засилувања, па сега тргна по засилувања за следната сезона.

Челси веќе го договори Кристофер Нкунку, кој потпишал преддоговор, а само останува да се договори висината на отштетата со Лајпциг.

Откако ќе падне договор за Нкунку, Челси веднаш ќе тргне по потписот на неговиот колега Јошко Гвардиол за кој покажа интерес уште летово.

Гвардиол има откупна клаузула од 50 милиони евра и Челси ќе ја искористи, откако прво ќе ги договори условите со хрватскиот фудбалер.