Челси има две изненадувања за летово: Тухел избра нови засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми пишуваат дека Челси ќе тргне по потписот на Џејдон Санчо, за кој Борусија Дортмунд ќе бара околу 100 милиони евра.

Санчо долго време се поврзува со заминување од Дортмунд, а многупати неговото име се поврзуваше со Манчестер јунајтед, иако и Челси е во борба за неговиот потпис.

„Гардијан“ пишува дека „сините“ ќе се обидат да го ангажираат и Давид Алаба, за кој заинтересиран е Реал Мадрид.

Тренерот на Челси, Томас Тухел планира да донесе уште еден стопер, а Алаба му е прв избор и клубот ќе се потруди да го ангажира фудбалерот во свои редови, и тоа целосно бесплатно зашто му завршува договорот со Баерн Минхен.