Челси избра замена за Жоржињо, а тоа е голем талент од Аргентина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси планира во следниот период да го ангажира Едсон Алварез од Ајакс, кој треба да го замени Жоржињо бидејќи италијанскиот репрезентативец следното лето ќе си замине од тимот.

Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Алварез е на листата со желби на Челси, чиј газда Тод Боели наскоро ќе направи конечна одлука за тоа кој е идеално решение за средината на премиерлигашот.

Челси се соочува со сериозни проблеми сезонава во средниот ред затоа што Жоржињо не игра во добар ритам, а исто така тренерот Граам Потер не може да смета на Н’Голо Канте кој е повреден.

Ајакс летово остана без ѕвезди, а тоа се Ентони и Лисандро Мартинез кои потпишаа за Манчестер јунајтед, исто како и тренерот Ерик Тен Хаг.