Челси ја најде замената за Кепа: Менди го облече дресот на гигантот! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалскиот чувар на мрежата Едуар Менди е нов голман на Челси. По долги преговори со Рен, трансферот конечно се реализираше и премиерлигашот донесе конкуренција за несигурниот Кепа Аризабалага.

Менди кажа дека е возбуден затоа што потпиша за Челси и кажа дека со овој трансфер си го исполнил сонот.

Овој 28-годишен голман најверојатно ќе биде прв избор на „сините“ затоа што тренерот Франк Лампард не е задоволен со тоа како брани најскапиот голман во светот.