Челси ќе купи еден од најдобрите голмани во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси повторно ќе прави ремонт на екипата поради лошите резултати и оваа сезона, па на лето ќе прави реконструкција и сака да купи нов голман.

Ѓорѓе Петровиќ брани одлично на голот на „сините“, но премиерлигашот сака да купи и друг квалитетен и докажан голман, а тоа е Јан Облак.

Словенечкиот голман од Атлетико Мадрид и пред неколку години се поврзуваше со Челси, но тогаш премиерлигашот го купи Кепа Аризабалага.

Вредноста на Облак, според „Трансфермаркт“ е 30 милиони евра, но Атлетико Мадрид ќе бара повеќе пари.