Челси лесно го совлада Лос Анџелес – стрелци беа Педро и Енцо (Видео)


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Челси ја оствари победата на Светското клупско првенство, совладувајќи го Лос Анџелес ФК со 2-0.

Педро Нето го отвори резултатот за „сините“ во 34. минута, кога со прекрасен индивидуален потег се ослободи од противничкиот играч и умешно постигна гол, оставувајќи го американскиот голман немоќен да реагира.

Во второто полувреме, менаџерот на Челси му даде време на младиот Лијам Делап, кој се приклучи на играта во 64. минута. Делап во 79. минута умешно му асистираше на Енцо Фернандез, кој со вториот гол ја потврди победата на натпреварот.

Фото: Принтскрин