Челси, Ливерпул и Манчестер сити на потег: Позната цената на Гвардиол!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските гиганти ќе водат голема битка за потписот на најдобриот хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол, кој игра одлично во дресот на Лајпциг во Бундеслигата.

Гвардиол има клаузула во неговиот договор, па така заинтересираните гиганти би можеле да го купат за 110 милиони евра, но за тоа ќе мора да почекаат до 1 јануари 2024 година.

Хрватот привлече големо внимание, е Лајпциг веќе одби понуди од 100 милиони евра на Манчестер сити и Челси, но очигледно нема да може да го спречи Гвардиол да замине во јануари догодина ако стигне понуда вредна 110 милиони евра.

Гвардиол претходно кажа дека би сакал да игра во Премиерлигата, а голем број медиуми шпекулираа дека негов следен тим ќе биде Ливерпул.