Челси мора да продаде фудбалери за 200 милиони евра, зашто ќе остане без Европа!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тод Боели потроши многу пари на засилувања по доаѓањето во Челси, но на лето ќе мора да продаде дел од играчите кои не му се потребни ако сака да остане во европските натпреварувања.

Челси игра ужасно оваа сезона, меѓутоа сè уште има шанси за пласман во Лигата на шампиони, но дополнителен проблем за лондонскиот тим е тоа што мора на лето да продаде фудбалери во вредност од 200 милиони евра.

Дел од ѕвездите кои ќе го напуштат Лондон се Хаким Зијеш, Калум Хадсон-Одои, Рубен Лофтус-Чик, Кристијан Пулишиќ, а се шпекулира дека од екипата би можеле да заминат и Каи Хаверц, но и Калиду Кулибали.