Челси носи четири ѕвезди од Бундеслигата за 305 милиони евра?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот газда на Челси, Тод Боели е подготвен повторно да потроши многу пари на трансфер-маркетот за да го засили неговиот тим и да го врати во битката за титулите.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси е заинтересиран за четири фудбалери од Бундеслигата на кои Боели ќе потроши околу 300 милиони евра.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Кристофер Нкунку потпишал преддоговор со Челси и неговиот трансфер треба да изнесува 60 милиони евра.

Заедно со Нкунку во Челси треба да дојде и неговиот тимски колега и хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол за 90 милиони евра.

За Челси тоа нема да биде најскап трансфер затоа што Боели планира да плати 120 милиони евра за Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

И тоа не е сè бидејќи Челси планира да купи уште еден искусен стопер, а тоа е Бенжамин Павар од Баерн Минхен, кој би чинел околу 35 милиони евра.