Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лондонскиот гигант Челси планира во финишот на преодниот рок да се засили со талентираниот Кол Палмер од Манчестер сити, а за трансферот Тод Боели ќе треба да потроши 45 милиони евра.
Маурицио Покетино смета дека младиот англиски репрезентативец ќе биде големо засилување за „сините“, а и Палмер веќе се согласил на трансфер во Челси.
Палмер не добиваше голема шанса кај тренерот Пеп Гвардиола и затоа е подготвен да се пресели во тим каде што ќе добие минутажа.
Манчестер сити треба наскоро да донесе конечна одлука за тоа дали ќе ја прифати понудата од Лондон, но новинарот Фабрицио Романо вели дека преговорите се во тек и постои голема шанса за договор.