„Челси сакаше да ме задржи, Баерн ме побара, но не можев да одбијам повик од Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Кепа Аризабалага вели дека не се двоумел за неговата иднина, кога пристигнал повик од Реал Мадрид.

Поранешниот чувар на мрежата на Челси, Кепа доби понуда од Баерн Минхен, но Шпанецот реши да ја одбие затоа што сакаше да брани за „кралевите“.

Откако Тибо Куртоа заработи тешка повреда, Реал реши да ангажира нов голман, а нивни прв избор беше Боно, но откако не го доби потписот, реши да тргне по Кепа.

„Сè се случи многу брзо. Покетино сакаше да ме задржи во Челси, а ме побара и Тухел во Баерн, но јас сакав нешто ново и тогаш пристигна повик од Реал Мадрид. Тоа не можев да го одбијам“, вели Кепа.