Челси си договори засилување од ПСВ за 35 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси се договори со ПСВ за трансфер на Нони Мадуеке, кој ќе чини 35 милиони евра, а наскоро ќе биде потпишан договорот.

Мадуеке ја мина младинската кариера во Кристал Палас пред да се пресели во Тотнем, по што во 2018 година замина во ПСВ и стана еден од најважните фудбалери.

Младиот фудбалер минатата сезона постигна девет голови на 35 меча за ПСВ и се очекува да биде големо засилување за премиерлигашот.

Мадуеке ќе стане шесто засилување во јануари за Челси, откако претходно пристигнаа Михајло Мудрик, Жоао Феликс, Беноа Бадијашиле, Датро Фофана и Андреј Сантош.