Челси со празни раце: Реал Мадрид за 90 милиони евра ќе им украде голема желба?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира следното лето да ја засили екипата, а ќе се прави ремонт и во одбраната и затоа шпанскиот гигант подготвил 90 милиони евра за услугите на Хрватот Јошко Гвардиол од Лајпциг.

Гвардиол долго време се поврзува со трансфер во Челси, но „сините“ сè уште официјално не се договориле со бундеслигашот и тоа сака да го искористи „кралскиот клуб“.

„Кралевите“ се подготвени да платат 90 милиони евра за трансферот, па ќе биде возбудливо лето затоа што сигурно ќе се води голема војна за хрватскиот дефанзивец.

Хрватот е еден од најдобрите стопери во светот и поради тоа е желба на повеќе европски гиганти.